Претседателот на клубот во големи проблеми

Скандал ја тресе Барса: Бартомеу платил милион евра за да се фали неговата работа и да се кудат Меси, Пике, Чави...

Медиумите од Шпанија пишуваат за голем скандал во Барселона, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу најмил компанија која за еден милион евра требало да ја фали неговата работа но и да ги куди Лео Меси, Жерад Пике, Чави, Пеп Гвардиола и уште многу други.

Жозеп Мариа Бартомеу во 2017 ја најмил комапнијата И3 Вентурас, која е специјализирана за креирање на мислење на социјалните мрежи, ова го пренесе СЕР утрово. Претседателот сакал да се исчисти неговиот имиџ и имиџот на бордот на директори, а да се оцрнат противниците но и сегашни и поранешни членови на клубот.

И3 Вентурас преку стотина профили на социјалните мрежи ја фалеле работата на Бартомеу и неговите соработници и вршеле напади врз Лео Меси, Жерард Пике, Чави, Пујол, Пеп Гвардиола и многу други.

Аргентинецот бил на удар за новиот договор, на дефанзивецот му се замерувало за бизнисот во кој се вклучи и организирање на нов Дејвис Куп во тенисот. Поранешниоте легенди, Чави и Пујол биле на мета поради поврзаност со Виктор Фонт, кој ќе биде еден од кандидатите за нов претседател на Барселона.

Од таборот на „каталонците“ за СЕР потврдиле дека ја најмиле компанијата И3 Вентурас, на која и платиле еден милион евра, но негирале дека ја користеле за оцрнување на сегашни и поранешни членови.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе