Клубовите тријат раце

Скај Спортс и БТ ќе искешираат 4,46 милијарди за новите ТВ права, меч од Премиерлигата чини над 9 милиони фунти

Скај Спортс и БТ ќе искешираат 4,46 милијарди фунти за новите ТВ права од 2019 до 2022 година, еден меч од Премиерлигата ќе чини над 9 милиони

Клубовите од најсилното првенство во Англија и во иднина ќе можат да си дозволат луди суми за засилувања. Скај Спортс и БТ ќе искешираат 4,46 милијарди фунти за новите ТВ права од Премиерлигата за периодот од 2019 до 2022 година.

Скај Спортс обезбеди четири од седумте пакети кои беа понудени, и ќе одвои 3.579 милијарди фунти за 128 натпревари во една сезона, или ќе плаќа 9,3 милиони фунти по меч.

БТ обезбеди еден пакет од 32 натпревари во една сезона, за кој ќе искешира 885 милиони фунти, или околу 9,2 милиони фунти по меч.

Бројката од 4,46 милијарди фунти е пониска од сумата од 5,19 милијарди која беше постигната за сегашниот договор (од 2016 до 2019 година), но на продажба се уште два пакета кои сигурно ќе придонесат вкупната сума на новиот договор за ТВ права да биде повисока.

Скај Спортс и БТ имаат право да ги купат и овие два пакети но првите луѓе на Премиерлигата се надеваат дека ќе ги привлечат гигантите од САД како Амазон и Фејсбук.

Овие седум пакети се однесуваат само за пренесување натпервари во живо во Велика Британија, пакетите за странство допрва ќе бидат ставени на продажба и се очекува да бидат продадени за повеќе од 3 милијарди фунти.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе