Швеѓанецот крена голема прашина утрово

Скај: Ибрахимовиќ нема да потпише за Хамарби, ова е причината за неговата објава

Златан Ибрахимовиќ сабајлево имаше објава со која предизвика големо внимание, но од Скај Спортс велат дека напаѓачот нема да ја продолжи кариерата во Хамарби и само ќе има спонзорски договор со клубот од Стокхолм.

Рано утрово, Злаан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави видео со дресот на шведскиот клуб Хамарби, постот веднаш стана вирален а медиумите почнаа да пишуваат како напаѓачот ја одбрал својата следна дестинација.

Од Хамарби ниту потврдија дека Златан Ибрахимовиќ потпишал со нив, нит пак демантираа, портпаролот Густафсон само кратко порача: „Повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на наделата“.

Раководството на Хамарби, односно спртскиот директор Јаспер Јансон и генералниот извршен директор Хенрик Киндлунд во моментов се во Лос Анчелес на средба со луѓето од Галакси, заедничко за двата клуба е милијардерот Филип Аншуц, кој е газда на Галакси и има 49% од сопственоста на Хамарби.

„Не можам да потврдам дали нашите директори се сретнале лично со Златан. Можам само да кажам дека постот на Ибрахимовиќ предизвика голем интерес и ќе бидат обелоденети повеќе информации во текот на неделава. Во моментов Златан е без клуб и нема да проодлжи да игра во САД“ – додава Густафсон.

Според Скај Италија, Златан нема да се пресели во Хамарби и објавата само е најава за спонзорски договор помеѓу клубот од Стокхолм и семејството Ибрахимовиќ, а како точно ќе изгледа соработката ќе се дознае во скоро време.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе