Наполи

Ситуацијата во Наполи не е добра, клубот ќе ги казнува бунтовниците кои го прекинаа карантинот

Наполи излезе со соопштение и најави дека ќе следуваат казни за играчите кои го прекинаа карантинот. 

По вчерашниот меч од Лигата на шампионите, играчите на Наполи наместо да се вратат во тренинг центарот каде требаше да бидат во карантин до мечот со Џенова, тие се упатија кон своите домови и за нивната акција добија поддршка од Карло Анчелоти.
 
Дополнително Анчелоти одби да се појави на прес конгеренцијата после натпреварот која е задолжителна. 
 
На претседателот Де Лаурентис не му се допадна ова па најави казни.
 
Клубот сака да соопшти во врска со однесувањето на фудбалерите вчера, дека ќе продолжи да ги штити своите економски интереси, средства, имиџот и дисциплинските нивоа во клубот. Исто така сакаме јасно да кажеме дека одговорноста за карантинот му беше доделена на тренерот Карло Анчелоти. Наредивме медиумски молк се до донесување на поинаква одлука“, се вели во соопштението на Наполи.
 
Според италијанските медиуми, по утринскиот тренинг Карло Анчелоти имал едночасовен состанок со претседателот Аурелио Де Лаурентис.
 
Според спортските адвокати за овој случај фудбалерите можат да бидат казнети до пет проценти од нивната плата.  
 
Анчелоти претходно јавно кажа дека е против идејата за карантин.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе