Неизвесна е и иднината на тренерот Конте

Ситуацијата во Интер е загрижувачка: Немаме програма, не знаеме кога ќе започнат подготовките...

Техничкиот директор на Интер, Габриеле Ориале признава дека ситуацијата во Интер е загрижувачка, не знае дали Антонио Конте ќе остане, ниту пак има конкретна програма за новата сезона и детали за подготовките.

Интер е во голема финансиска криза па се говори за можноста проектот да заврши по само две години, Антонио Конте да замине а со него и директорите Бепе Марота и Пјеро Аусилио како и уште неколку ѕвезди во тимот.

„Нероаѕурите“ оваа недела обезбедија заем од 275 милиони евра, па останува да се види како ќе се одвиваат работите.

Во разговор со Газета дело Спорт, техничкиот директор Габриеле Ориали признава дека ситуацијата е загрижувачка.

„Загрижен сум бидејќи нема конкретна промена за новата сезона, не е одреден датумот кога ќе започнат подготовките, каде ќе биде кампот, никој ништо ни нема кажано“ – вели Ориали.

Запрашан дали Антонио Конте ќе остане, тој вели: „Најпрво сите мораме да разбереме какви се плановите на сопственикот“.

„Годинава беше тешка, особено за нас, не знаете колку непреспиени ноќи сме имале со Антонио Конте во Апиано“.

Се очекува Стивен Жанг во следните денови да седне на маса со Антонио Конте и да разговараат за плановите на Интер за следната сезона.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе