Лига на шампиони

Сити со пресврт до победа против ПСЖ, двата тима одат во осминафинале (ВИДЕО)

Манчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ со 2-1 и се качи на првото место на табелата, но Бриж загуби од Лајпциг со 5-0, па и двата гиганти на коло пред крајот го заверија пласманот во осминафиналето. 

Манчестер Сити доминираше во најголемиот дел од натпреварот, но ПСЖ прв даде гол. 
 
Во првиот дел тимот на Гвардиола пропушти неколку убави шанси, а казната стигна по пет минути игра во второто полувреме кога Мбапе постигна гол за водство на ПСЖ од 1-0.
 
Водството на ПСЖ траеше 13 минути, а тогаш Стерлинг постигна гол за израмнување на 1-1.
 
Во 76. минута по една убава акција Бернардо Силва асистираше до Габриел Жесус кој постигна гол за комплетен пресврт и победа на Манчестер Сити од 2-1.
 
Во оваа група Лајпциг со 5-0 победи на гостувањето кај Клуб Бриж.
 
Нкунку ја отвори и затвори серијата погодоци, два гола постигна и Форсберг, еден беше дело на Силва.
 
По пет одиграни кола Манчестер Сити е прв и го освои првото место со 12 бода, ПСЖ е втор со 8, Лајпциг и Клуб Бриж имаат по 4.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе