Премиерлига

Сити се врати од два гола негатива па промаши пенал за победа (ВИДЕО)

Манчестер Сити киксна на гостувањето кај Вест Хем, „граѓаните" се вратија од два гола негатива но промашија пенал во финишот за победа и три бода.

Манчестер Сити и понатаму сам решава за титулата во Премиерлигата, но Ливерпул ќе има малку повеќе надеж откако избраниците на Пеп Гвардиола попладнево кикснаа на гостувањето кај Вест Хем и одиграа 2-2.

„Чеканите“ го изненадија фаворитот во првото полувреме и со двата гола на Боувен, на пауза заминаа со предност од 2-0.

Сепак, на стартот од вториот дел, Грилиш намали на 2-1 а потоа Цоуфал си постигна автогол за 2-2 во 79. минута.

„Граѓаните“ во финишот имаа шанса за целосен пресврт, судијата со помош на ВАР досуди пенал но Фабиански го одбрани ударот на Марез за поделба на бодовите.

На Манчестер Сити сега му треба победа во последното коло или кикс на Ливерпул за да ја одбрани титулата.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе