Премиерлига

Сити се сопна кај Вест Хем, Гвардиола го има најлошиот старт во својата кариера (ВИДЕО)

Вест Хем и Манчестер Сити одиграа 1-1, домаќините поведоа со прекрасниот гол на Антонио, гостите изедначија преку Фоден за поделба на бодовите.

Пеп Гвардиола го има најлошиот старт во својата кариера. Клуб предводен од Шпанецот никогаш немал помалку од 10 бода по првите пет кола, но откако „граѓаните“ денеска се сопнаа кај Вест Хем, имаат само 8 бода од 5 натпревари.

Манчестер Сити имаше дури девет победи во низа против „чеканите“, обично лесно се справуваа изминативе години, но денеска не одеше според планот.

„Граѓаните“ го имаа поседот на топката, но тешко креираа шанси а се најдоа и во гол негатива кога Антонио одлично се снајде во 18. минута и атрактивно погоди за 1-0.

Гостите се вратија во игра на стартот од второто полувреме, нововлезениот Фоден изедначи на 1-1, но и покрај големиот притисок, не успеаја по втор пат да го совладаа Фабиански, кој во последните мигови со помош на стативата го сопре Марез.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе