Премиерлига

Сити се израдува на победа во 92. минута, па ВАР им го поништи голот (ВИДЕО)

Манчестер Сити мора да се задоволи само со бод од дуелот со Тотнем, домаќините погодија во судиското надополнување за 3-2 и победа, но голот беше поништен со ВАР.

ВАР спречи радост на Манчестер Сити против Тотнем, Габриел Жесус погоди во судиското надополнување за 3-2, но со видео технологијата голот беше поништен.

Сите добро се сеќаваат на пресметката помеѓу Манчестер Сити и Тотнем во Лигата на шампионите од пред неколку месеци кога „граѓаните“ на драматичен начин беа елиминирани.

Во финишот на мечот, Манчестер Сити постигна гол за полуфинале, сите убаво се израдуваа, но по неколку минути прегледување на повторените снимки, голот беше поништен поради офсајд.

Денеска се случи дежа ву за играчите и Пеп Гвардиола. Габриел Жесус погоди во судиското надополнување за победа од 3-2 над „спарси“, но ВАР го поништи голот поради играње со рака на зачетокот од акцијата, па бодовите беа поделени.

Сити дојде во водство со погодокот на Стерлинг, но Тотнем брзо одговори преку Ламела. Агуеро пред крајот на првиот дел реализираше за 2-1, а Лукас само што влезе во игра донесе 2-2 во 56. минута од мечот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе