Премиерлига

Сити никогаш не одиграл вака под водство на Гвардиола, Кристал Палас ги сопна „граѓаните“ (ВИДЕО)

Манчестер Сити киксираше на гостувањето кај Кристал Палас, „граѓаните" се враќаат само со еден бод откако не успеаја да го најдат патот до мрежата на домаќините.

Трката за титулата во Премиерлигата станува мошне интересна откако Манчестер Сити одигра реми на гостувањето кај Кристал Палас.

Избраниците на Пеп Гвардиола го имаа поседот на топката, креираа неколку шанси, ја погодија рамката од голот во неколку наврати, но никако не успеваа да го најдат патот до мрежата на домаќините и мечот заврши 0-0.

Па Манчестер Сити прв пат под водство на Шпанецот има два натпревари на кој не постигнал гол откако претходно одигра 0-0 и со Спортинг во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ сега имаат четири бода повеќќе од Ливерпул, но „црвените“ имаат и натпревар помалку и со победа над Арсенал во среда можат да стигнат до минус еден.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе