Летоска ќе тргнат во офанзива

Сити нема да штеди: 100 милиони оштета за Дортмунд и годишна плата од 20 милиони за Халанд

Според пишувањата на Мирор, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити нема да чекаат до 2022 кога Ерлинг Халанд ќе биде достапен за 75 милиони евра и уште летоска ќе тргнат во офанзива со понуда од 115 милиони евра.

„Граѓаните“ се подготвуваат за живот без најдобриот стрелец во својата историја, Кун Агуеро. На листата со желби има неколку имиња и се верува дека на врвот е Ерлинг Халанд, кој игра во фантастична голгетерска форма во Борусија Дортмунд. 

Норвежанецот има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа се активира дури во 2022 година. 

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола не сакаат да чекаат, па уште летоска ќе тргнат во офанзива. 

Според пишувањата на Мирор, тие се подготвени да платат 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра) за да го ангажираат напаѓачот и да ја победат конкуренцијата. 

Весникот додава дека играчот го чека богата плата од околу 400.000 фунти неделно на Егихад или 20 милиони фунти годишно.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе