Судот за спортска арбитража во понеделник ќе ја соопшти одлуката

Сити ќе издвојува голема битка против УЕФА и следната сезона ќе игра Лига на шампиони?!

Манчестер Сити доби забрана за настап во Лигата на шампиони од две години, но се шпекулира дека „граѓаните" имале успешна жалба пред Судот за спортска арбитража па и следната сезона ќе бидат дел од најелитното европско натпреварување.

Долго време УЕФА беше на удар дека тренира строгост и правила само на малите клубови, но казни почнаа да летаат и за гигантите. Милан се договори една сезона да не игра во Европа, а потоа жестока казна беше изречена за Манчестер Сити, „граѓаните“ беа казнети со суспензија од две години. 

Но по се изгледа џабе толку врева се крена. Последните информации говорат дека „граѓаните“ имале успешна жалба пред ТАС (Судот за спортска арбитража) па и следната сезона ќе биде дел од најелитното европско натпреварување. 

„Ми се чини дека Манчестер Сити целосно ќе биде ослободен од страна на ТАС по обвиненијата од УЕФА, од она што слушам, ништо не е потврдено, но можно е повеќе информации да имаме веќе утре или во понеделник“ - напиша новинарот Иан Чисмен. 

И Пеп Гвардиола беше прилично самоуверен на денешната пресконференција и изјави дека Манчестер Сити ќе продолжи да игра во Лигата на шампиони. 

„Нашата намера е секоја година да играме во Лигата на шампиони и да стигнеме што е можно подалеку. Ќе знаеме повеќе во понеделник, но јас сум прилично убеден. Ги видов аргументите на клубот па следната сезона ќе бидеме дел од Лигата на шампион, но секако, треба да почекаме. По одлуката (на ТАС) јас ќе кажам што мислам а клубот ќе испрати соопштение“ - порача тренерот на Манчестер Сити.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе