Прво летно засилување за Гвардиола

Сити ја доби битката со Манчестер јунајтед и Челси за најбараниот дефанзивец од Премиерлигата

Пеп Гвардиола е на добар пат да го добие првото летно засилување, Манчестер Сити е во преговори со Борнмут за трансфер на Нејтан Аке.

Манчестер Сити обезбеди засилување за одбраната, медиумите од Англија пренесуваат дека „граѓаните“ се на добар пат да го договорат Нејтан Аке од Борнмут за 35 милиони фунти.

Пеп Гвардиола го доби првото летно засилување, Гардијан пренесе дека Манчестер Сити е на добар пат да го договорат Нејтан Аке од Борнмут во трансфер вреден 35 милиони фунти. 

Холанѓанецот во 2017 беше продаден од Челси за 20 милиони фунти и „сините“ имаа опција да го вратат во своите редови за 40 милиони фунти, но нема да ја искористат. 

Нејтан Аке исто така силно се поврзуваше со Манчестер јунајтед, неодамна беше уловен во разговор со Оле Гунар Солшер и се шпекулираше дека Норвежанецот го врбува дефанзивецот да се пресели на Олд Трафорд. 

Скај Спортс исто така пренесува дека Манчестер Сити се обидува да го обезбеди потписот на Нејтон Аке но додава дека преговорите се во почента фаза и уште неколку други клубови ја мониторираат ситуацијата.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе