Премиерлига

Сити испиша историја со новиот триумф над Евертон, Анчелоти го доживеа првиот пораз (ВИДЕО)

Манчестер Сити испиша историја и за прв пат нареди пет победи над Евертон откако вечерва ги совладаа „карамелите" со 2-1, Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз откако седна на тренерското столче на Гудисон Парк.

Манчестер Сити славеше против Евертон со 2-1, „граѓаните“ за прв пат во својата историја наредија пет победи проти „карамелите“, Карло Анчелото ги забележа првиот пораз откако седна на тренерското столче на Гудисон Парк.

Манчестер Сити останува на минус еден во однос на Лестер, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва триумфираа со 2-1 на Евертон благодарејќи на разиграниот Габриел Жесус.

Бразилецот на брзина погоди два пати на стартот од вториот дел. Најпрво донесе водство во 51. минута, а потоа ја дуплираше предноста во 58. минута.

Гостите успеаја само да ублажот поразот преку Ришарлисон во 71. минута, па на крајот Манчестер Сити испиша историја и за прв пат нареди пет победи против Евертон, а Карло Анчелоти за прв пат загуби меч откако го превзеде кормилото на „карамелите“.

На останатите натпревари од 18:30 часот, Вест Хем под водство на Мојс стигна до убедлива победа од 4-0 над Борнмут, а Норич и Кристал Палас одиграа 1-1.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе