Премиерлига

Сити го понижи Челси со шест гола, „сините“ го забележаа најтешкиот пораз од 1991 (ВИДЕО)

Тежок ден за Сари, Челси беше понижен на гостувањето кај Манчестер Сити, „сините" загубија со 6-0 и го забележаа најтешкиот пораз во последните 28 години.

Челси нема по добро да го памети денешното гостувањето кај Манчестер Сити. Избраниците на Сари веќе по 25 минути беа во голема негатива, Кепа капитулираше дури четири пати.

Стерлинг го отвори резултатот по само четири минути, Агуеро со прекрасен гол зголеми на 2-0 во 13. минута, за потоа Аргентинецот да искористи една грешно вратена топка на Баркли и рутински да реализира за 3-0.

Гундоган со шут од далечина во 25. минута ја затресе мрежата на гостите за 4-0 и тоа значеше дека Челси за прв пат во ерата на Премиерлигата прима четири погодока на две последователни гостувања откако загубија со 4-0 од Борнмут.

Во продолжението од мечот, Агуеро од пенал во 56. минута стигна до хет-трик а Стерлинг во 80. минута го постигна својот втор гол и ги постави конечните 6-0.

Конечниот резултат значеше дека „Сините“ го доживеаја најтешкиот пораз во последните 28 години во сите натпреварувања, односно откако во 1991 загубија од Нотингем Форест со 0-7.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе