Премиерлига

Сити го победи Тотнем и се врати на врвот, но остана без Де Брајне за дербито на Олд Трафорд (ВИДЕО)

„Граѓаните" славеа над Тотнем со минимални 1-0 и се вратија на врвот на табелата, но останаа без Кевин де Брајне за дербито со Манчестер јунајтед на Олд Трафорд во среда.

Манчестер Сити и Тотнем имаа нова пресметка на Етихад, овој пат во Премиерлигата. За разлика од мечот во Лигата на шампионите, кога паднаа дури седум гола и имаше драма до последните минуги, денеска немаше толку многу возбуда.

Љубителите на фудбалот видоа само еден погодок, по една акција во 5. минута, Агуеро спушти со глава за Фоден, кој на подалечната статива реализираше за 1-0.

Со оваа победа, „граѓаните“ се вратија на врвотна табелата со бод повеќе од Ливерпул, но проблем за Гвардиола е тоа што Кевин де Брајне се повреди во пресрет на гостувањето на Олд Трафорд во среда и градското дерби со Манчестер јунајтед.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе