„Каталонците“ не сакаат ништо да ризикуваат со првата ѕвезда

„Сите знаеме дека Меси не смее да биде повреден, на тренинзите мора да го чувате внимателно “

Жан Клер Тодибо раскажува како е на тренинзите на Барселона, Французинот вели дека сите добро внимаваат при стартовите за да не ја повредат првата ѕвезда на клубот, Лео Меси.

20 годишниот Жан Клер Тодибо минатиот јанури се пресели на Камп Ноу, но не доби многу шанса па талентираниот дефанзивец овој месец се пресели на позајмица во Шалке.

Французинот во разговор со Билд сега открива како е на тренинзите на Барселона, вели дека сите добро внимаваат при стартовите за да не ја повредат првата ѕвезда на клубот, Лео Меси.

„Сите знаеме дека Меси не смее да биде повреден. На тренинзите морате да го чувате внимателно. Научив многу играјќи крај него, успеав да му одземам многу топки без притоа да му нанесам повреда“ – вели Тодибо.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе