Добил и специјално барање од Мурињо

Сите се радувале на трансферот на Алексис Санчез само тој не: Што по ѓаволите? Нема шанси!

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо открива како реагирал кога дознал дека Алексис Санчез ќе му биде нов соиграч, Аргентинецот бил разочаран

Репрезентативецот на Аргентина веројатно е единственото лице на Олд Трафорд кое не се радувало на вестите за пристигнување на Алексис Санчез.

Дефанзивецот откри како реагирал кога дознал за трансфер на Чилеанецот и раскажа интересна анегдота за тоа што му порачал Жозе Мурињо.

„Алексис е одличен играч, но не се согласувавме многу на теренот” – вели Маркос Рохо за ТиК Спортс. „Секогаш кога се среќававме еден против друг, без разлика дали тоа бил меч помеѓу Аргентина и Чиле или пак Манчестер јунајтед против Арсенал, добро го клоцав на теренот, а тој возвраќаше во иста мера“.

„Но тука не застанувавме, јас го вреѓав а и тој мене. Па кога дознав дека ќе се пресели во Манчестер јунајтед, реков: „Што по ѓаволите?. Нема шанси овој да ми се придружи“. На тренинг кампот во Дубаи, Мурињо ми пријде, ме потапка по рамо и ми рече: “Ќе го купиме Алексис. Те молам немој утре да го убиеш на тренинг“. И потоа „пукна“ од смеење“.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе