Непопуларни мерки

Сите кратат од платите на богатите фудбалери, Тотнем им ја скрати платата на обичните работници во клубот

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви реши да им ја скрати платата на 550 работници со цел тие да не ги загубат работните места. 

Во овој кризен период вообичаено клубовите кратат од платите на богатите фудбалери кои веќе заработиле за неколку животи на просечен човек. Средствата скратени од играчите се пренаменуваат за платите на работниците кои заработуваат помалку во клубот.
 
Но таков не е примерот на Тотнем, Даниел Леви реши да им скрати 20% од платата на 550 работници во клубот, но не и на фудбалерите.
 
Уште порадикален беше сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли кој ги отпушти вработените и им порача да ја искористат помошта на државата која на отпуштените им дава 80% од платата но најмногу до 2.500 фунти.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе