Само тројца се позитивни од првиот голем клуб погоден од коронавирусот

Сите фудбалери на Јувентус се тестирани, нема новозаразени

Јувентус заврши со тестирањето на своите фудбалери, нема нови случаи позитивни на коронавирус, само тројца фудбалери се заразени. 

Јувентус беше првиот голем клуб погоден од коронавирусот откако Даниеле Ругани беше позитивен на КОВИД-19.
 
Потоа стигна веста дека и Блес Матуиди има коронавирус, а вчера беше потврден и случајот на Пауло Дибала.
 
Освен овие тројца фудбалери, други нема заразени во тимот на Јувентус.
 
Според „Скај Спорт Италија“, сите фудбалери биле тестирани, немало новозаразни покрај тие тројца.
 
Во тестирањата се вклучени и играчите кои не се во Торино, Кристијано Роналдо кој е во самоизолација во Мадеира, како и Игуаин, Пјаниќ, Кедира и Даглас Коста кои се вратија во своите земји само по осум дена поминати во карантин.
 
Се верува дека сите овие фудбалери кога ќе се вратат во Италија ќе бидат уште две недели во самоизолација.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе