Сисоко од 2016 година е во Тотнем, добро знае како е да се работи со Покетино, но и со Мурињо кај кој се избори за стандардно место во првиот тим каде формира одличен тандем со Хојбјерг на средината од теренот.
Во ТВ интервју, тој меѓудругото зборуваше и за разликите меѓу двајцата тренери.
„Двајцата се различни тренери, но на крајот и двајцата сакаат иста работа, да победуваат. Со Мурињо сте посолидни во дефанзивата и се обидувате да играте на слабостите на противникот. Со Покетино повеќе играте со топката, поофанзивно, покреативно, но во исто време оставате многу простор зад себе и некои тимови може да ви направат штета кога ќе ја загубите топката. Тоа се два различни приоди на играта, но целта им е иста, да победуваат“, вели Сисоко.