Премиерлига

Сиромашно дерби на Енфилд, Ливерпул и Јунајтед одиграа без голови (ВИДЕО)

Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед од кое се очекуваше многу заврши со разочарувачки 0-0, тимот на Оле Гунар Солшер останува на врвот во Премиерлигата. 

Не само што немаше голови, туку немаше ниту доволно шанси. Де Геа и Алисон имаа по некоја интервенција во второто полувреме но во најголемиот дел од мечот немаа многу работа.
 
Во 75. минута Бруно Фернандеш имаше убава шанса за погодок, но Алисон излезе како победник и го одбрани неговиот удар.
 
Тиаго Алкантара се закани со шут од далечина, но Де Хеа одлично одбрани. На спротивната страна Пол Погба од одлична позиција биеше право во Алисон.
 
Овој резултат повеќе му одговара на Манчестер јунајтед кој ја сочува предноста од три бода во однос на Ливерпул, има и два бода повеќе од Лестер кој е втор на табелата.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе