Ла Лига

Синот на Зидан дебитираше за Реал со чудна интервенција и два примени гола (ВИДЕО)

Реал Мадрид прокоцка два гола предност на гостувањето кај Виљареал, натпревар кој по добро нема да го памети синот на Зизу, Лука Зидан кој прими два гола на своето деби

И покрај тоа што „Кралевиете“ немаат за што да играат во Ла Лига и ги чека финале во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан со најсилен состав излезе на гостувањето кај Виљареал. Одмор доби само голманот Кејлор Навас а неговото место помеѓу стативите го завзеде синот на Зизу, Лука Зидан, кој дебитираше за првиот тим.

Па сосема очекувано, Реал одлично го започна мечот и поведе преку погодокот на Бејл во 11. минута. Во 32. минута следуваше нов гол за гостите, по одличната асистенција на Марсело, Роналдо со глава биеше за 0-2.

Гостите сепак се опуштија во финишот на мечот, па Виљареал намали преку Мартинез во 70. минута. На пет минути до крајот, „Жолтата Подморница“ стигна и до 2-2.

Марсело заспа при една офсајд стапица, Кастиљехо се најде осамаен пред Лука Зидан, кој лошо ја процени ситуацијата, се обиде на чуден начин да ја пресече топката и за неискусната интревенција плати со лесено примен гол.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе