Тренира во академијата на Челси

Синот на Шевченко може да бира меѓу четири репрезентации

12-годишниот син на Андриј Шевченко тренира во академијата на Челси, интересно е што кога станува збор за репрезентативен фудбал тој може да бира меѓу четири селекции.

Шевченко потврди дека неговиот син тренира во академијата на Челси во Лондон.
 
„Мојот втор син тренира во академијата на Челси. Тоа е многу добра академија од која излегле многу одлични фудбалери“, вели Шевченко.
 
Интересно, малиот Шевченко доколку стане голем играч ќе може да избира за која држава да настапува. Тој е роден во Лондон и има англиско државјанство, по татко му е Украинец, а по мајка му може да земе американско и полско државјанство, таа е американски модел со полско потекло, Кристен Пазик.
 
„Доколку дојде до момент да треба да се бира, ќе седнеме и ќе зборуваме“, изјави Андриј Шевченско за изборот кој го има неговиот син.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе