Добри вести од Болоња

Синиша Михајловиќ е во многу добра состојба

Од болницата во која престојува Синиша Михајловиќ велат дека српскиот стратег е во многу добра состојба.

Михајловиќ има леукемија, помина прва фаза на хемотерапија но и покрај тоа ја водеше Болоња од клупата на мечевите против Верона и СПАЛ.
 
Тој сега ќе ја почне втората фаза на хемотерапија, и информациите велат дека нема да патува на гостувањето кај Бреша следниото викенд. Но од болницата во која се лекува велат дека тој е во многу добра клиничка состојба.
 
„Клиничката состојба на пациентот е многу добра. Тестовите кои ги направивме покажаа задоволителни резултати од првиот циклус на хемотерапија“, стои во соопштението на болницата.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе