Лига на шампиони

Симеоне за бегањето од Клоп: Не е здраво секогаш да се поздравуваме (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид синоќа за првпат прими три голови на домашен терен во Лигата на шампионите под водство на Симеоне, а по крајот од мечот тој не се поздрави со Клоп туку веднаш замина во соблекувалната.

Ливерпул победи со 3-2 на Ванда Метрополитано, а Симеоне очиглелдно тешко се помири со поразот. По мечот тој објасни зошто не се поздравил со Клоп.

„Не се поздравувам секогаш со другиот тренер по мечот бидејќи тоа не ми се допаѓа. Не е здраво ниту за победникот, ниту за поразениот. Јас така гледам на тоа. Но сега кога ќе го видам, ќе го поздравам без проблем“, вели Симеоне.

Моментот го прокоментира и Јирген Клоп.

„Да, тоа што Симеоне избегна не ми се допадна, но тоа е... Неговата реакција сигурно, као и мојата, не беше така кул. Следниот пат кога ќе се видиме, дефинитивно ќе се поздравиме. Не е тоа ништо страшно. Очигледно беше лут, не на мене, туку на играта. Нема ништо друго“, вели Клоп.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе