За кого беше наменет овој непримерен гест?

Симеоне полуде по водството против Јуве, се сврте кон публиката и се фати за меѓуножјето? (ВИДЕО)

Диего Симеоне лудо го прослави голот на Хименез за водство против Јувентус, тренерот на Атлетико се сврте кон публиката и се фати за меѓуножјето.

Атлетико се радува на победа од 2-0 над Јувентус во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Домаќините стигнаа до победа со головите на Хименез и Години во последните 15 минути од мечот.

Резултатот можеше и претходно да биде отворен, но ВАР два пати го спречи Атлетико да поведе. Во првиот дел судијата покажа на белата точка, но со помош на видео технологијата прекршкот беше изваден на работ во шеснаесетникот.

Потоа во вторите 45 минути, Мората ја затресе мрежата но со ВАР неговиот гол беше поништен поради прекршок над Кјелини.

Па кога Хименез ја затресе мрежата на Шчезни, Диего Симеоне имаше луда и контроверзна прослава. Аргентинецот се фати за меѓуножјето. Некои сметаат дека ова е порака до УЕФА и ВАР, додека пак други сметаат дека е провокација за Јуве со оглед на ривалството помеѓу Чоло и „Бјанконерите“ од времето кога тој играше во Серија А во дресот на Лацио и Интер.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе