Поради проблеми со бубрезите

Силвио Берлускони со амбулантно возило пренесен во болница

Поранешниот сопственик на Милан и поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони утринава бил однесен во болница поради проблем со бубрезите.

„Кориере дела Сера“ информира дека Берлускони утринава околу девет часот бил однесен во болницата Сан Рафаеле во Милано со амбулантно возило.
 
Сан Рафаеле е болницата каде 82-годишниот Берлускони имаше операција на срцето во јуни 2016 година.
 
Весникот објаснува дека неодамна тој имал рутински здравствени прегледи кои не покажале некакви проблеми.
 
Како и да е, неговите луѓе велат дека се е во ред со Берлускони, тој уште денеска ќе ја напушти болницата и поладнето ќе се појави на политички настан.
 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе