ФА покрена постапка и го обвини Португалецот за расизам

Силва сакаше само да се пошегува со соиграчот Менди а сега му се заканува суспезнија од шест меча

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва може да добие суспензија од шест меча откако ФА покрена постапка против него и шегата која тој ја упати кон соиграчот Бенжамин Менди ја окарактеризира како расистичка навреда.

Бернардо Силва и Бенжамин Менди играа заедно во Монако, а потоа во пакет се преселија на Етихад Стадинот. Двајцата се многу добри пријатели и често се шегуваат и мајтапат.

Но последната шега од играчка стана плачка. Неодамна Бернардо Силва на Твитер постираше слика од Бенжамин Менди како дете и го спореди со маскотата која е заштитен лин на брендот за чоколада „Конгитос“.

Левиот бек на Манчестер Сити не виде ништо лошо во ова, убаво се изнасмеа, призна дека Португалецот повел со 1-0 и најави дека добро ќе му врати.

Но голем број на корисници на социјалната мрежа го нападнаа Бернардо Силва и го обвинија дека тој упатил расистички навреди. Потоа реагираа и организациите кои се борат за исфрлање на расизмот од фудбалот, па работата стигна и до Фудбалската асоцијација на Англија.

Бернардо Силва на властите им ја објасни својата постапка и порачал дека немал навреда да навреди никого, а писмо до ФА пиша и самиот Бенжамин Менди кој истакнал дека не е навреден и дека едноставно се работи за шега помеѓу двајца добри пријатели.

Сепак, ФА очигледно не гледа така на работите, па покрена постапка против Бернардо Силва. Доколку Португалецот биде прогласен за виновен, може да добие суспензија и до шест меча.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе