Лига Европа квалификации

Силекс немоќен против Дрита, кратовскиот тим заврши со Европа (ВИДЕО)

Силекс загуби од Дрита со 2-0 и доживеа елиминација од Европа, косовскиот тим заслужено дојде до триумфот на арената „Тодор Проески“. 

Покрај Ренова и Силекс денеска го заврши настапот во Европа откако беше поразен од Дрита.
 
Натпреварот не беше убаво за око, Силекс не направи речиси ништо за посериозно да го загрози голот на гостите.
 
Резултатот беше отворен рано во второто полувреме, во 48. минута Гербеши погоди од пенал за водство на Дрита од 1-0.
 
Во 78. минута ситуацијата на Силекс стана уште потешка откако Грозданоски доби втор жолт картон, кратовскиот тим остана со играч помалку.
 
Тоа брзо го искористи Дрита и по една убава акција Лимани во 80. минута погоди за победа од 2-0.
 
Во тимот на Дрита дебитираше доскорешниот Вардарец, Владица Брдаровски кој во игра влезе во 67. минута.
 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе