Денеска се одиграа четвртфиналните мечеви од Купот на Македонија, а најголемото изненадување се случи во Кратово каде Силекс ја елиминираше Шкендија.
Немаше погодоци во регуларниот дел, па пеналите го решаваа победникот. Херој за Силекс беше голманот Горан Трајковски кој им фати пенали на Енур Тотре и Бесарт Ибраими. Конечниот резултат беше 4-2 за кратовскиот тим на пенали.
Елиминација доживеа и Шкупи кој со 2-1 загуби на гостувањето кај Академија Пандев. Томовски и Илиев погодија за струмичкиот тим, Дарбо реализираше за Шкупи.
Најубедлива беше Македонија Ѓорче Петров која со 4-1 ја победи Беласица во Струмица. Адем постигна два гола, по еден Андерсон и Калид Басит, Каланоски погоди за струмичани.
Во полуфиналето е и Струга Триум Лум која со гол на Лена од пенал ја победи Ренова со 1-0.
Куп на Македонија четвртфинале:
Академија Пандев – Шкупи 2-1
Беласица – Македонија ЃП 1-4
Силекс – Шкендија 4-2 на пенали, 0-0
Струга Трим Лум – Ренова 1-0
Легенда под Главна слика
Фото: ФК Шкендија