СП 2019

Сигурен старт на САД на Светското првенство во Кина

Селекцијата на САД дојде до очекуваната победа над Чешка 88:67 во својот прв натпревар на Светското првенство во Кина. 

 
Иако игра во многу послаб состав од оној кој може да го направи, САД и натаму е еден од главните фаворити за освојување на златото.
 
Американците имаа сигурен старт победувајќи ја Чешка со 21 поен разлика.
 
Првата четвртина беше изедначена, САД ја добија 17:14, поголема разлика направија во вториот период, на полувремето заминаа со 43:29. Во вториот дел дополнително ја зголемија позитивата за конечни 88:67.
 
Главната ѕвезда Кемба Вокер постигна 13 поени, Најефикасен беше Мичел со 18, Барнс постигна 14.
 
Одличен старт имаше и Грција која со 85:60 ја совлада Црна Гора. Турција со 86:67 ја победи Јапонија, Литванија со 101 го прегази Сенегал 101:47.
 
Австралија со 108:92 беше подобра од Канда, Бразил со 102:94 го совлада Нов Зеланд, Доминикана со 80:76 го победи Јордан. Најизедначен беше дуелот меѓу Франција и Германија кој го добија Французите со 78:74. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе