Иако игра во многу послаб состав од оној кој може да го направи, САД и натаму е еден од главните фаворити за освојување на златото.
Американците имаа сигурен старт победувајќи ја Чешка со 21 поен разлика.
Првата четвртина беше изедначена, САД ја добија 17:14, поголема разлика направија во вториот период, на полувремето заминаа со 43:29. Во вториот дел дополнително ја зголемија позитивата за конечни 88:67.
Главната ѕвезда Кемба Вокер постигна 13 поени, Најефикасен беше Мичел со 18, Барнс постигна 14.
Одличен старт имаше и Грција која со 85:60 ја совлада Црна Гора. Турција со 86:67 ја победи Јапонија, Литванија со 101 го прегази Сенегал 101:47.
Австралија со 108:92 беше подобра од Канда, Бразил со 102:94 го совлада Нов Зеланд, Доминикана со 80:76 го победи Јордан. Најизедначен беше дуелот меѓу Франција и Германија кој го добија Французите со 78:74.