Бојата на кожата му создава проблеми во кариерата како тренер

Сидорф: Знаете ли зошто Виеира и Анри отидоа да бидат тренери во САД и Канада? Затоа што се црнци!

Легендата на Холандија, Кларенс Сидорф вели дека не може да најде работа како тренер само поради бојата на кожата, вели дека црнците не добиваат шанса да се докажат како тренери.

Кларенс Сидорф откако стави крај на кариерата, веднаш започна нов предизвик, го превзеде кормилото на Милан, клуб за кој настапуваше десет години. Сепак, неговата авантура на Сан Сиро кратко траеше, по само четири месеци доби отказ.

Холанѓанецот потоа беше тренер на Шенжен, Депортиво Ла Куруња и репрезентацијата на Камерун, но никаде не се задржа долго.

Во разговор со Газета дело Спорт, Кларенс Сидорф вели дека бојата на кожата му создава проблеми при градењето кариера како тренер.

„Морав да ги прифатам овие работи за да покажам дека вредам. Презедов ризик бидејќи имав малку понуди и сите знаеме зишто е така. Играв 12 години во Италија. По Милан, каде завршив добра работа, не добив ниту еден повик. Холандија е мојата земја, ниту од даму не добив еден повик. Зошто големи шампиони не добиваат шанса во Европа, каде што имаат испишано историја? Зошто Виеира требаше да оди во Њујорк или Анри да оди во Канада? Нема еднакви можности за тренерите" – вели Сидорф.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе