ЕВРО 2020

Шведска со гол од пенал ја победи Словачка и веќе може да мисли на осминафинале (ВИДЕО)

Со гол на Форсберг од пенал Шведска со 1-0 ја победи Словачка и речиси сигурно ќе игра во осминафиналето на Европското првенство. 

По две кола Шведска има четири бода и само чудо може да ги спречи да изборат пласман во осминафиналето, иако теоретски уште не се таму, веќе може да почнат да го слават.
 
Денеска само еден гол го реши тврдиот меч меѓу Шведска и Словачка и тоа беше постигнат од пенал.
 
Во 77. минута голманот Дубравка направи фаул, судијата покажа на белата точка од која Форсберг погоди за победа од 1-0.
 
Групата Е вечерва се комплетира со натпреварот меѓу Шпанија и Полска.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе