Легендарниот Германец се збогува со фудбалот

Швајнштајгер става крај на фудбалската кариера

Германскиот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер ќе стави крај на фудбалската кариера по крајот на оваа сезона во МЛС. 

35-годишниот фудбалер за Германија одигра 121 натпревар и постигна 24 голови. На клупско ниво одигра 500 мечеви за Баерн Минхен каде освои осум титули во Бундеслигата, седум во купот на Германија, а во 2013 ја освои и Лигата на шампионите.
 
Во 2015 се пресели во Манчестер јунајтед со кој освои ФА куп и Лига куп, а во 2017 направи трансфер во Чикаго Фајр за кој игра и денес.
 
„Почитувани фанови, времето дојде, ќе ја завршам кариерата по крајот на оваа сезона“, напиша Швајни на социјалните мрежи.
 
„Би сакал да ви се заблагодарам вам и на моите тимови Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Чикаго Фајр и германската репрезентација“.
 
„Вие направивте неверојатното возможно за мене. И се разбира, сакам да и се заблагодарам на мојата сопруга Ана Ивановиќ и мојата фамилија за поддршката“.
 
„Збогувањето како активен фудбалер ме прави малку носталгичен, но гледам позитивно кон возбудливи предизвици кои ме чекаат наскоро“.
 
„Ќе му останам верен на фудбалот. Големо, големо благодарам за времето поминато заедно, секогаш ќе имаш посебно место во моето срце! Твојот, Басти“.
 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе