Издвојувана голема битка против УЕФА

Што значи одлуката на ТАС за Манчестер Сити, Премиерлигата и ривалите на „граѓаните“

Манчестер Сити издвојува голема битка со УЕФА откако Судот за спортска арбитража им ја уважи жалбата и да ја поништи суспензијата за настап во Европа од две години, па „граѓаните" следната сезона ќе бидат дел од Лигата на шампиони.

Европската куќа на фудбалот жестоко го казни Манчестер Сити откако документите од „Фудбал ликс“ покажаа како „граѓаните“ ги изиграле и заобиколиле правилата за Финансиски фер плеј.

„Граѓаните“ добија забрана за настап во Европа од две години и парична глоба од 30 милиони евра. Сепак, клубот од Етихад издвојува голема битка со УЕФА откако Судот за спортска арбитража им ја уважи жалбата.

ТАС во најголемиот дел од пресудите ја преполовува казната, но во случајот на Манчестер Сити, целосно ја поништи суспензијата за настап во Европа од две години, па „граѓаните“ следната сезона ќе бидат дел од Лигата на шампионите.

Одлуката ќе има огромно влијание врз Манчестер Сити, Премиерлигата но и ривалите на клубот од Етихад.

Од финансиска гледна точка, Сити без настап во Лигата на шампиони ќе останеше покус за околу 100 милиони фунти по сезона, или вкупно 200 милиони фунти за две години, но тоа повеќе не е случај. Исто така, без елитен фудбал, под знак прашалник ќе беше иднината на Пеп Гвардиола, кој има договор до јуни 2021, како и иднината на ѕведите во тимот. Клубот веројатно ќе имаше и потешкотии да ги привлече најзвучните имиња на трансфер пазарот бидејќи нема да можат да им понудат настап во Лигата на шампиони. Но овие грижи се минато.

Во март 2019, и Премиерлигата отвори истрага која се уште трае. Се води постапка за истите обвинувања, односно штелување на сметките за се да биде во согланост со Финансискиот фер плеј, плус истрагате е проширена за ангажман на фудбалери од академиите како и играчи кои се во сопственсот на трета страна. Останува да се види дали ќе има санкција, и доколку има, каква ќе биде таа. Но со оглед на тоа дека Сити имаше успешна жалба пред ТАС, мали се шансите да има сериозни последици по клубот (се шпекулираше дури и со одземање на титули).

Одлуката на ТАС има влијание и врз ривалите на Манчестер Сити, поточно клубовите кои се борат за излез во Европа. Доколку на сила останеше казната, местото број 5 на табелата ќе носеше настап во Лигата на шампионите, а осмиот на табелата ќе играше квалификации во Лига Европа. Сега, само финиш во топ 4 носи настап во ЛШ, позициите број пет и шест носат во групната фаза од ЛЕ, а позицијата број седум носи настап во втората рунда од квалификациите во Лига Европа.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе