Аргентинецот е под голем знак прашалник

Што малер ќе беше Игуаин за да настине во топлата Саудиска Арабија на неколку часа пред дуелот со Јуве?

Гонзало Игуаин е под голем знак прашалник за Суперкупот на Италија и дуелот со Јувентус во Џеда, напаѓачот кренал температура и се бори со настинка на неколку часа пред почетокот на мечот.

Аргентинецот се поврзува со трансфер во Челси па постојано е под будното око на медиумите. Милан попладнево на својот Твитер објави фотографии од средбата со принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фаисал, и веднаш падна во очи тоа што Гонзало Игуиан беше отсутен.

На средбата се појави дури и подзаборавениот Рикардо Монтоливо, па многумина сметаат дека ова е знак за преселба на „Пипита“ на Стемфорд Бриџ.

Од таборот на Милан посочија дека Гонзало Игуаин бил отсутен бидејќи добивал третман во моментите кога била направена сликата, но ваквото образложение само дополнително ги подгреа шпекулациите.

За работите да бидат уште поинтересни, набрзо се појавија и информации дека голгетерот е под голем знак прашалник за вечерашната пресметка со Јувентус. Причина за ова е настинката која ја фатил Гонзало Игуаин во топлата Саудиска Арабија. Секако и ова оправдување беше пречекано со потсмев од фановите на социјалните мрежи.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе