Му се лоши од она што се случува и едвај чека да ја заврши кариерата

„Што да очекувам кога јас повеќе трошам во диско, отколку што чинат казните за расизам“

Фудбалерот на Тотнем и Англија, Дени Роуз удри по УЕФА и борбата против расизмот, вели дека казните се смешни и на шега додава дека тој повеќе троши на излегување во Лондон.

Дени Роуз беше еден од неколкумината црномурести репрезентативци на Англија кои минатиот месец беа навредувани на расна основа од пуликата на гостувањето во Подгорица во рамките на квалификациите за ЕВРО 2020.

За левиот бек, ова не е вакво прво искуство на Балканот, кога во 2012 со младата репрезентација на Англија гостуваше во Србија секогаш кога ќе допреше топката се слушаа крици на мајмуни од публиката, а тој дури беше гаѓан и со камења.

„Доста ми е“ – вели Дени Роус. „Во моментов имам само една работа на ум, со нетрпение чекам да ги одработам последните пет до шест години од кариерата. Со оглед на тоа како се одвиваат работите во моментов, не сакам да имам ништо со фудбалот откако ќе ставам крај на кариерата“.

„Во овој момент, во фудбалот има премногу политика“.

Дени Роуз смета дека казните се премногу благи во борбата со расизмот. За инцидентот од пред 7 години, младата репрезентација на Србија еден меч играше без публика а ФФС плати глоба од 80.000 евра. На Црна Гора сега и се заканува делумно затворање на трибините, а ако и во иднина се случи нов инцидент, тогаш вратите на стадионот ќе бидат затворени и федерацијата ќе плати глоба од околу 50.000 евра.

„Кога цели федерации и држави се казнуваат со сума која јас ја трошам на излегување во диско во Лондон, што да се очекува? Мојот тренер доби два меча суспензија поради тоа што влезе само во конфротација со судијата Мајк Дин, а една држава може да биде казнета со мала сума на пари поради расистички навреди. Ова е смешно. Ми се лоши од ова. Се додека нема построги казни, ќе гледаме вакво однесување на публиката“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе