Се истражува дали „каталонците“ се однесувале коректно при трансферот

Шпанската федерација отвори случај „Гризман“, ќе треба ли Барса да доплати 80 милиони евра?

Фудбалската федерација на Шпанија ќе истражува дали Барселона се однесувала коректно при трансферот на Антоан Гризман по поплаките на Атлетико Мадрид за нерегуларности.

Минатата недела Антоан Гризман конечно потпиша за „каталонците“ откако неговиот адвокат во канцелариите на Ла Лига ја активираше откупната клаузула од 120 милиони евра.

Веднаш потоа се огласи и Атлетико, „колчонероси“ соопштија дека оваа сума не е доволна и најавија правна разврска на целиот случај. Клубот од „Ванда Метрополитано“ верува дека Барселона и Французинот се договориле уште во март кога откупната клаузула на напаѓачот изнесувала 200 милиони евра, првиот човек Енрике Серезо изјави дека за ова имаат докази, па затоа бараат да бидат доплатени уште 80 милиони евра.

Медиумите сега пренесуваат дека Фудбалската федерација на Шпанија отворила случај „Гризман“ по поплаките од Мадрид и ќе се разгледува дали Барселона се однесувала коректно при ангажманот на Французинот.

Се очекува во следните денови да биде донесена одлука дали клубот од Камп Ноу ќе биде санкциониран.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе