Лига на нации

Шпанија се радуваше на „Вембли“ (ВИДЕО)

Шпанија со 2-1 славеше на гостувањето кај Англија во рамките на првото коло од Лигата на нации, Лук Шо заработи сериозна повреда поради која беше изнесен на носилки.

Англија добро го почна мечот на Вембли, по една одлична асистенција на Шо, Рашфорд постигна гол за водство од 1-0.
 
Но до крајот на полувремето Шпанија успеа да направи комплетен пресврт. Само две минути подоцна Сол Нигез постигна гол за изеначување на 1-1. А во 32. минута Родриго реализираше за водство од 2-1 на гостите.
 
Во воведниот дел од второто полувреме Лук Шо заработи една случајна но тешка повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот.
 
Во Лигата А Швајцарија го декласираше Исланд со 6-0.
 
Во Лига Б, Босна и Херцеговина со 2-1 ја победи Северна Ирска на нејзин терен.
 
Во Лига Ц, Финска со 1-0 славеше над Унгарија, Грција со истиот резултат победи на гостувањето кај Естонија.
 
Во Лига Д, Белорусија со 5-0 го прегази Сан Марино, Луксембург со 4-0 беше подобар од Молдавија.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе