ЕВРО 2020

Шпанија ја прегази Словачка и ја израдува Украина, Шведска ја победи Полска (ВИДЕО)

По двата неубедливи меча на стартот Шпанија конечно блесна, ја совлада Словачка со 5-0, Шведска со 3-2 беше подобра од Полска и го освои првото место во групата. 

Шпанија ја оствари најубедливата победа досега на Европското првенство откако ја совлада Словачка со 5-0. Овој триумф ја израдува и Украина бидејќи и тие дојдоа до трета позиција која води во осминафиналето.
 
Мечот не почна најдобро за Шпанија, во 12. минута Мората не реализираше пенал, Дубравка му го одбрани ударот.
 
Во таа ситуација голманот на Словачка беше херој, но во 30. трагичар откако си постигна смешен автогол. До крајот на првото полувреме Лапорт реализираше за 2-0.
 
Во второто полувреме Шпанија продолжи да ја полни мрежата на Словачка, Сарабија погоди за 3-0, па Феран Торес зголеми на 4-0, а серијата погодоци беше затворена онака како што и беше отворена, со автогол, овој пат на Куцка.

Исклучително возбудлив натпревар одиграа Шведска и Полска кој го добија Швеѓаните со 3-2.
 
Шведска поведе уште во втората минута со гол на Форсберг, истиот фудбалер во 59. минута зголемии на 2-0.
 
Но следуваше шоу на Левандовски кој со голов во 61. и 84. минута изедначи на 2-2. 
 
Полска бркаше победа за пласман во осминафиналето, тргнаа со сите сили кон трет гол, но поради таквата игра примија погодок од Клаесон за пораз, Шведска победи со 3-2.
 
Оваа победа беше важна за Шведска бидејќи со неа го освоија првото место во групата со седум бодови, Шпанија има пет, трета е Словачка со три, Полска има еден бод.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе