Џеда во следните три години ќе биде домаќин на најдобрите клубови од Ла Лига

Шпанија го продаде Суперкупот на Саудиска Арабија за 40 милиони евра, одредени полуфиналните двојки

Суперкупот на Шпанија во следните три години ќе се игра во Саудиска Арабија, попладнево беше извршена ждрепката за првото издание и во полуфиналето ќе играат Валенсија-Реал и Барселона-Атлетико.

Фудбалската федерација на Шпанија реши да направи одредени измени во Суперкупот, наместо да има дуел на шампионот и освојувачот на купот, беше одреден нов формат со четири екипи. Исто така беше решено натпреварите да се играат во странство, а Саудиска Арабија беше одбрана како дестинација.

По долги преговори, во кој беше вклучен и капитенот на Барселона, Жерард Пике (преку неговата компанија Космос) падна договор за тригодишна соработка која на федерацијата ќе и носи околу 35-40 милиони евра годишно.

Првото издание ќе се одржи на почетокот од 2020, Валенсија ќе ги одмери силите со Реал Мадрид, а Барселона ќе игра против Атлетико Мадрид. Мечевите се закажани на 8. јануари, односно 9. јануари, а финалето ќе се игра на 12. јануари.

Во најавата за новата соработка, двете страни се пофалија дека на стадинот ќе биде дозволен влез за жени, кои ќе можат да седат на било кој дел од трибините и да бидат облечени како што тие сакаат.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе