ЕП 2020

Шпанија е противникот на Хрватска во финалето на Европското првенство

Шпанија ја совлада Словенија со 34:32 и се пласира во финалето на Европското првенство каде за златниот медал ќе се бори против селекцијата на Хрватска. 

Според тоа како се одвиваше мечот во најголемиот тек, ништо не наговестуваше неизвесен крај, но тоа се случи.
 
Освен во првите минути од мечот, Шпанија го имаше резултатот под своја контрола, неколку пати во текот на второто полувреме водеше и со шест голови разлика.
 
Но Словенија полека успеа да се врати и на крајот да дојде до само еден гол негатива, тие се понадеваа дека можат да дојдат и до изедначување, но Шпанците со гол во последниот нивен напад победија со 34:32.
 
Душебаев, Ентрериос и Фернандез постигнаа по шест гола, во составот на Словенија Доленец реализираше седум пати, Јанц шест.
 
Шпанија и Хрватска го играа и последниот меч од групната фаза кој заврши без победник 22:22.
 
Финалето се игра во недела со почеток од 16:30 часот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе