Премиерлига

Шоу на Салах, хет-трик на Фирмино за кошмарно деби на Раниери на клупата на Ватфорд (ВИДЕО)

Ливерпул со убедливи 5-0 победи на гостувањето кај Ватфорд, Мохамед Салах и Роберто Фирмино беа во центарот на вниманието, а Клаудио Раниери виде дека го очекуваат полни раце работа. 

Клаудио Раниери се врати во Премиерлигата, но неговиот прв меч како тренер на Ватфорд помина катастрофално. За тоа е заслужен Ливерпул кој одигра маестрален натпревар.
 
Роберто Фирмино постигна хет-трик, но по овој меч најмногу се зборува за Мохамед Салах кој имаше свое шоу.
 
Првиот негов голем потег беше асистенција до Мане во 9. минута, тоа беше едно совршено додавање од далечина.
 
Во 54. минута египетскиот фудбалер изведе танц во шеснаесетникот на Ватфорд, помина повеќе негови фудбалери и постигна гол.
 
Ливерпул сега е на првото место на табелата, а од таму може да биде симнат само од Челси ако сините победат на гостувањето кај Брентфорд.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе