Серија А

Шоу на „Олимпико“, Рома и Интер ги поделија бодовите во возбудлив меч со четири гола (ВИДЕО)

„Волчицата" и „нероаѕурите" одиграа возбудлив натпревар на „Олимпико", гостите во два наврати имааа водство, но Рома не се предаде и се избори за 2-2.

Рома и Интер ги поделија бодовите во претпоследниот меч од 14. коло во Серија А. Гостите во два наврати водеа, но „волчицата“ се враќаше, најпрво со евроголот на Ундер а потоа и со помош на ВАР.

Резултатот беше отворен во 37. минута од мечот, Д’Амброзио испрати остар центаршут во петерецот а Кеита само постави нога и ја затресе мрежата на Рома.

На стартот од вториот дел, домаќините изедначија. Ундер испрати проектил од преку 25 метри, Хандановиќ не се помрдна и само беше гледач повеќе на „Олимпико“.

„Нероаѕурите“ се вратија во предност во 66. минута, по еден корнер од левата страна, Икарди скокна највисоко и донесе 1-2.

Рома сепак не се предаде и се избори за реми преку Коларов од пенал во 74. минута. Брозовиќ играше со рака во шеснаесетникот, судијата во прв момент не досуди ништо но со ВАР ги прегледа повторените снимки и покажа на белата точка. Хандановиќ го прочита Коларов, се фрли на правата страна но ударот на Србинот беше прецизен и силен, па мрежата на Интер по втор пат се затресе.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе