Блескаше миленикот на вардаровата публика

Шоу на Игор Карачиќ против ПСЖ, со 13 голови го предводеше полскиот тим до победа!

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ имаше маестрален натпревар во дресот на Кјелце откако со 13 голови го преводеше својот тим до победа од 35:33. 

Миленикот на вардаровата публика, Игор Карачиќ блескаше во дресот на Кјелце на мечот против ПСЖ.
 
Натпреварот беше неизвесен, на шест минути до крајот ПСЖ имаше водство од 31:30, следуваа два гола на Карачиќ за пресврт, а после уште два за победа од 35:33.
 
Одличен беше и Алекс Душебаев кој постигна седум гола од десет шута. Кај ПСЖ, Микел Хансен со десет голови беше најдобар стрелец.
 
ПСЖ има собрано само два бода од четири дуели, следниот меч го играат на свој терен против Вардар, Раул Гонзалез против својот поранешен клуб. Тоа може да биде и клучен натпревар за иднината на шпанскиот стратег. 
 

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе