Премиерлига

Шоу на Герет Бејл, Тотнем убедлив против Барнли (ВИДЕО)

Тотнем со убедливи 4-0 го победи Барнли, Герет Бејл постигна два гола и имаше асистенција. 

Герет Бејл ја одигра најдобрата партија откако се врати во Тотнем, а неговиот тим со убедливи 4-0 го совлада Барнли.
 
Победата беше најавена уште во втората минута кога по прекрасна асистенција од Сон, Бејл погоди за водство од 1-0.
 
Во 15. минута, Герет Бејл од својата половина фантастично асистираше до Кејн кој зголеми на 2-0.
 
15 минути подоцна Лукас зголеми на 3-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
 
По десет минути игра во вториот дел, Сон повторно асистира до Бејл кој ги постави конечните 4-0.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе