Се за да биде подготвен за настап

Шокантни слики од грбот на Данџума во пресрет на дуелот против Аталанта во Лигата на шампиони

Напаѓачот на Виљареал, Арно Данџума се обидува со капинг терапија да си ја подобро здравствената ситуација во пресрет на дуелот со Аталанта во Лигата на шампиони, неговиот грб изгледа шокантно.

Фудбалерите користат најразлични третмани за да ги надминат повредите, а голгетерот на Виљареал, Арно Данџума се реши за капинг терапија.

Третманот го користат и други елитни спортисти како Карим Бензема, и тој треба да им помогне да се подобри циркулацијата на неколку стратегиски точки на телото и на тој начин да се забрза процесот на опоравување.

Капинг терапијата е техника од традиционалната кинеска медицина со која треба да се подобри „Чи“ (тек на витална енергија) циркулацијата со помош на вакумски чашки кои се ставаат на телото на пациентот.

Арно Данџума, кој се покажа како одлична инвестиција на трансфер пазарот, во последно време се мачи со повреди и има ограничена минутажа, напаѓачот се надева дека ќе може да помогне против Аталанта во клучниот меч за продолжување на настанот во Лигата на шампиони.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе