Плејоф за пласман во Премиерлигата

Шок за Лидс, Алиоски нема да игра во Премиерлигата, Дерби оди во финале (ВИДЕО)

Лидс беше голем фаворит против Дерби, особено по победата на гостински терен во првиот меч, но вечерва тимот на Лампард славеше со 4-2 и се пласираше во финалето од плејофот за пласман во Премиерлигата.

Езгјан Алиоски нема да игра во Премиерлигата следната сезона откако неговиот Лидс доживеа елиминација во полуфиналето од плејофот. Нашиот репрезентативец е повреден, па не можеше да му помогне на својот тим.
 
Лидс го победи Дерби на негов терен во првиот натпревар со убедлива игра во меч во кој можеше да слави и поубедливо.
 
По таквата игра и таквиот резултат тимот на Биелса како да мислеше дека работата е готова. Уште повеќе ги опушти голот на Далас кој го дадоа во 24. минута за водство од 1-0.
 
Пред самиот крај на првото полувреме Мериот го изедначи резултатот на 1-1, а во првата минута од вториот дел Маунт донесе водство за Дерби од 2-1. Вкупниот резултат беше изедначен, тука не важи правилото гол во гости.
 
Во 58. минута Вилсон од пенал донесе водство на Дерби и од 3-1, тогаш почна да ги фаќа паника фудбалерите и фановите на Лидс, но само четири минути подоцна Далас постигнува гол за 2-3, повторно беше изедначено.
 
Можеби клучен беше моментот во 78. минута кога Берарди заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра, Дерби имаше играч повеќе на теренот.
 
Таквата надмоќ ја искористија во 85. минута кога Мериот постигна нов гол овој пат за конечни 4-2.
 
До крајот на мечот Лидс јалово се обидуваше да дојде до гол и да го однесе натпреварот во продолженија.
 
Дерби е тимот кој се радуваше на крајот и кој ќе игра на Вембли против Астон Вила меч за пласман во Премиерлигата.
 
Деби тренерска сезона за Лампард од соништата кој веќе почна да се поврзува со тренерското место на Челси.
 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе